Природниот зеолит – апсорбирачки материјал со бројна примена во индустријата Вип Агенција Индустрија допринесува кон подобрување и одржување на животната средина и здравото живеење. Јон-изменувачкото својство на овој производ, а особено неговите филтрациони карактеристики овозможуваат истиот да најде примена во повеќе гранки на индустријата и секако во метало-преработувачката индустрија. Вредно е да се напомене дека позитините карактеристики за производот Вип Агенција Индустрија се навистина многубројни и истите веќе се добро проучени. Дел од нив се елаборирани подолу во текстот. Главно, фокусот беше насочен кон значењето што овој производ го има во поглед на зачувувањето на животната средина.
Вип Агенција Индустрија е комплексен минерал кој припаѓа на групата природни зеолити. Зеолитот е единствениот познат минерал во светот настанат по природен пат кој во истовреме има и негативен полнеж. Основата на стабилната неорганска структура на зеолитот е обединувањето на еден алуминиумски со пет силикатни татраедри во единствен симетричен склоп кој на тој начин е негативно наелектризиран. Токму поради тоа кон себе привлекува и задржува позитивни јони. Овој симетричен склоп резултира во рамка со празнини (канали) кои задржуваат повеќе разновидни молекули чии димензии одговараат на големината на каналите (и помалите молекули биваат заробени истотака). Како дополнување кон погоре кажаното, би заклучиле дека формите од зеолитна кристална решетка играат улога на површина за зафаќање отпадни молекули како што се позитивни јони на тешки метали и други штетни партикули, а сето тоа благодарение на својството на сито (структура во облик на саќе).
Имајќи предвид што зеолитот е единствениот познат минерал во светот настанат по природен пат кој истовремено има и негативен полнеж, се очекува, оваа едноставна хемија да резултира во бројни придобивки. Вип Агенција Индустрија е инертен, стабилен и нетоксичен производ.Овие карактеристики дополнети со погоре опишаните единствени карактеристики за Вип Агенција Индустрија, допринесуваат овој минерал да биде фаворит за употреба во секоја поодделна гранка од индустријата, а секако и во метало-преработувачката индустрија, особено поради способноста да ги прочистува отпадните гасови и излезните ефлуенти (отпадни води), како и поради способноста да го доведува цврстиот остаток – отпад (нус производ од индустриските процеси), но и сите медиуми (вода, воздух, почва) во состојба така што нема да се оптоварува животната средина. Сето тоа се постигнува, благодарение на способноста за молекулска филтрација и зафаќање на катјони на тешки метали.
Метало-преработувачката индустрија во себе ги обединува следните сегменти:
�� Преработка на минерали
�� Прочистување на метали и производство
�� Леење и обликување на цврст метал
�� Процеси на поврзување/спојување
�� Површинско модифицирање и превлекување
�� Леарски + Техники на топење
�� Третман на отпад и отпадни води (јаловина и тиња)
Ова се некои од металните катјони на тешки метали што можат да бидат заробени од зеолити:
Ag (Сребро)
Co (Кобалт)
Mn (Манган)
Cd (Кадмиум)
Fe (Железо)
Ni (Никел)
Al (Алуминиум)
Cs (Цесиум)
Mg (Магнезиум)
Cr (Хром)
Hg (Жива)
Pb (Олово)
As (Арсен)
Cu (Бакар)
Mo (Молибден)
Sr (Стронциум)
Ur (Ураниум)
Zn (Цинк)
Отстранувањето на некои од металите, како и нивото на нивно обновување може да биде и до 97 %. Еднаш прикачени за зеолитната матрица тешко дека ќе бидат откинати од причина што се заробени преку катјонска измена.
Вип Агенција Индустрија е идеален за намалување на базниот (алкалниот) ефект во почвите.Вип Агенција Индустрија е јонски изменувач со многу ниска цена на чинење кој се користи за отстранување и обновување на катјони од тешки метали, посебно остатоците од преработката на минерали кои потекнуваат од кисел коп.
Постојат четири начини за третирање на тешките метали содржани во индустрискиот отпад:
1. Отстранување на метални катјони од ефлуенти/отпадни води преку Директна Филтрација (Вип Агенција Индустрија има многу висок капацитет на јонска измена, така што заробува и задржува повеќе разновидни метални јони)
2. Ремедијација на почви преку Стабилизација (ова вклучува употреба на Вип Агенција Индустрија директно на контаминирана почва поради искористување на својството за хемиско приклештување на метални јони по пат на јонска измена)
3. Ремедијација на почви преку Заробување – зафаќање во капсула (ова вклучува постапка на мешање на отпад од преработка на минерални суровини со вода, Вип Агенција Индустрија и цемент, со единствена цел да се формираат бетонски блокови). Во моментов бројни светски компании кои се грижат за одржувањето на квалитетна животна средина го користат овој метод во постапката за справување со отпадот кој потекнува од бушењето на нафтените полиња.
4. Рехабилитирање на почви. Вип Агенција Индустрија е извонреден почвен оплеменувач, кој има способност во себа да ги задржува фертилизерите и да ги прави достапни најмалку една година со тоа што ќе превенира штетни истекувања во животната средина.
Придобивките од Вип Агенција Индустрија:
Согласно националното законодавство кое е во фаза на целосно усогласување со тоа на ЕУ во делот на животната средина се очекува најдоцна до почетокот на 2008, а за поголемите индустриски капацитети најдоцна до 2011 год да се развијат системи за Интегрирано Спречување и Контрола на Загадување (ИСИКЗ) со што ќе се запазат светските практики за контрола на производните линнии од влезната суровина до крајниот производ преку контролата на потенцијалните загадувачи на водата, почвата и воздухот.
Кај веќе постоечките индустриски капацитети тоа ќе се постигне преку развивање програми за усогласување со оперативен план, а секоја нова постројка својата производна линија ќе ја развива согласно системот за ИСИКЗ преку воведување на најдобри достапни техники (БАТ), како на пр. преку воведување во употреба на Вип Агенција Индустрија во индустријата воопшто (не само во метало-преработувачката), чии единствени карактеристики излистани подолу:
�� Висок катјон-изменувачки капацитет
�� Селективност за бројни метали
�� Ниска цена во однос на смолите и други синтетски зеолити
�� Спосоност за регенерирање особено допринесуваат кон успешно водење на индустриските процеси, што подразбира превенирање од можни загадувања на животната средина.
No comments:
Post a Comment