Tuesday, December 1, 2009

Вип Агенција ПРЕМИЕР

Додаток на ѓубрива / Кондиционер на почвата Природниот зеолит како кондиционер на почвата


Вип Агенција Премиер е поли-минерал од групата на природни Зеолити и се користи за подобрување на карактеристиките на почвите со лош состав, особено на песокливите.
Го унапредува здравиот раст на насадите, обезбедувајќи оптимални услови за развој на коренот на растенијата и со тоа формирајќи зајакната, порозна и стабилна структура на почвата. Таквата структура овозможува слободен проток на воздух и хранливи материи и го задржува интегритетот, дури и кога е целосно сува.
Примената на Вип Агенција Премиер е најефективен начин за интензивирање на капацитетот на измена на катјоните во зоната на корените и за намалување на употребата на ѓубрива. Зеолитите како Вип Агенција Премиер се ѓубрива со споро ослободување. Хранливите материи за растенијата како што се азотот и калиумот се задржуваат благодарерние на негативниот полнеж на структурата на клиноптилолитот (овој природен минерал е основата на нашиот производ Вип Агенција Премиер) и се ослободуваат по потреба. Зеолитите како Вип Агенција Премиер го зголемуваат задржувањето на хранливите состојки, ги намалуваат загубите на хранливи материи во средината и ги намалуваат потребите за ѓубрива преку воспоставување изменлив и балансиран прилив на хранливи материи во кореновата зона на растенијата.Најважен дел на поли-минералот Вип Агенција Премиер што треба да се напомене е тоа што прави во својата структура постојан резервоар на вода потребна за растенијата (културата), обезбедувајќи продолжено задржување на влагата во сувите периоди, го унапредува брзото навлажнување и го подобрува страничното ширење на водата во кореновата зона при наводнување.
Зеолитите се многу порозни, со голема специфична површина. Селективноста на зеолитот кон амонијакот помага да се заштити земјата и да се спречи отровноста, што се случува кога се додава повеќе амонијак. Ова својство му овозможува на земјоделецот да ја користи оваа поевтина форма на азот со поретко додавање поголеми количества во време на сезоната на раст. Задржувањето и навременото ослободување на потребните хранливи материи од страна на зеолитот ги подобрува приносите. Тој обезбедува долготраен резервоар на хранливи материи што му овозможува на корисникот да го намали ѓубрењето, а во исто време да постигне подобри резултати.
Основата на стабилната неорганска структура на зеолитот е обединувањето на еден алуминиумски со пет силикатни татраедри во единствен симетричен склоп. Овој симетричен склоп резултира со отворена рамка со празен простор кој задржува вода. Нето негативниот полнеж во празнините ги задржува катјоните во рамките на капацитетот за измена на катјоните. Отворената рамка со негативен полнеж резултира со способноста на зеолитот за измена на хранливите материи за растението во и од стабилната тродимензионална рамка во форма на саќе.
Предности при користење на Вип Агенцијата Премиер:
Бета премиер е 100 % нетоксичен, стабилен и инертен поли-минерал со единствена употреба за органско производство.
• Тој е целосно природен и еколошки производ и не ги загадува растенијата, земјиштата или подземните води. Се состои од природни минерали (најмногу алумо-силикати) и посебни адитиви.
• Го намалува количеството вода потребно за наводнување и ги намалува потребите за ѓубрење како резултат на:
o зголемен капацитет на почвата за задржување на водата
o намалено испарување на водата
o намалено бегање на водата, спречувајќи го истекувањето (понирањето) на водата и загубата (испирањето) на хранливи материи
• Го зголемува капацитетот за измена на катјоните (КИК)
• Ја намалува употребата на ѓубрива - во некои случаи се намалува употребата на азот за 25%
• Обезбедува достапен калиум (јон изменет од структурата на зеолитот)
• Го зголемува искористувањето и расположливоста на фосфорот за 89%
Препораки за примена:
Кондиционерот Вип Агенција Премиер може да се користи директно (како концентрат) како со рачно така и со машинско расфрлање. Потоа рачно или машински се меша со земјата до длабочина од 15–30cm, во зависност од длабочината на коренот на културата. По извршеното мешање почвата соодветно се наводнува.
За оптимални ефекти треба да се подготви супстрат на Вип Агенција Премиер. 1 кг од прашокот (концентратот) треба да се измеша со 20 литри земја (песок). Земјата претходно треба да биде навлажнета со 10 – 15% (2 – 3 литри) вода. Потоа смесата се нанесува на почвата. Потребното количество зависи од примената, карактеристиките на земјиштето, температурата, ерозијата на земјиштето итн. Општо количество за нанесување се смета 2,0 kg/m2.

No comments:

Post a Comment